„Не можам да сфатам зошто некои играчи не превземаат одговорност“

638

Веселин Вујовиќ и неговите момци ги чека многу работи пред продолжението на Лигата на шампионите. ЕХФ неделата доаѓа во вистинско време, иако дел од играчите ќе бидат со своите репрезентации, сепак паузата добро ќе им дојде.

Предводникот на Вардар има бројни проблеми, па серијата од три порази во ЛШ не е случајна. Неговото незадоволство од дел од играчите го искажа на прес-конференцијата по завршување на мечот со Кил, кој Вардар го загуби со 26-29.

„Не можам да разберам како може некои играчи да не шутираат кога се донесени за тоа, истите не преземаат одговорност и не го играат она што се бара од нив. Имавме плус три на стартот на второто полувреме и знаевме дека мораме што подолго да ја задржиме предноста, имавме напад за плус четири и точен план како треба да нападнеме преку Њокас. Излеговме на терен и тој го прави спротивното, ја изгубиме топката и наместо четири гола предност, Кил почна да се враќа. Реалноста е таа, имаме проблем во нападот. Свесни сме дека ни треба среден бек, не сме доволно покриени на таа позиција, но на пазарот не гледаме играч што би ни помогнал и веднаш би направил разлика“, изјави Вујовиќ.

ПретходноАнчелоти по киксот на Реал удри со УЕФА и ФИФА
СледноЛоша вест од Шпанија, Димитријевиќ ќе биде надвор од терените