Тренерот на екипата на Барселона Б, Серхи Бархуан, ќе биде преодното решение за тимот на Барселона се додека не се најде конечната замена за веќе отпуштениот Роналд Куман.
Холанѓанецот доби отказ откако го загуби Ел Класико дербито на домашен терен со 1:2, од Реал Мадрид, и сега се бара неговата замена.
Во меѓувреме, Бархуан ќе го води тимот веројатно во следните две недели до репрезентативната пауза.