Љама утре во 2. коло на СП против младинскиот светски првак од Узбекистан

109

По победата во првото коло на Светското првенство во Белград, македонскиот боксер Јасир Љама веќе го доби и противникот за втората рунда. Утре на рингот во српската престолнина, Љама ќе ги вкрсти ракавиците со Узбекистанецот Абдулмалик Халоков, кој во првата рунда беше слободен.

Халоков е младински светски шампион во бантам од 2018 година, кога имаше злато и на младинските олимписки игри во Аргентина. Во последниве неколку години немаше позабележителни настапи, се до бронзата која ја освои на годинашното издание на Азискиот шампионат.

Борбата меѓу Љама и Халоков е закажана во утрешната вечерна сесија.

ПретходноРаботнички убедливо во Тетово, втор триумф на битолчанки
СледноИма договор: Лаутаро и Интер си подале рака за нова соработка