Неверојатен пресврт на Оклахома, Лејкерси испуштија плус 26 (ВИДЕО)

217

Интересна НБА вечер е зад нас. А во центарот на вниманието се најдоа ЛА Лејкерс. Иако овој тим е еден од најголемите кандидати за титулата, сепак според стартот на новата сезона се чини дека се далеку од својот план.

Најновата потврда за ова доаѓа од дуелот со Оклахома. Лејкерси имаа голема позитива од 26 поени (30-56), на крајот беа поразени со 123-115 од Тандерси.

Лејкерси го држеа водството до пред крајот на третата четвртина, кога противникот се врати на голема врата, го наметна своето темпо и до крајот не им дозволи да помислат на победа.

Во составот на Лејкерс не беше Леброн Џејмс, кој одмара поради ситна повреда. Ентони Дејвис имаше 30 поени и 8 скока, Вестбрук постигна 20 поени. На другата страна Шеј Гилџес-Александер беше креатор на кам-бекот на својот тим, постигна 27 поени.

Резултати: Милвоки – Минесота 108:113, Орландо – Шарлот 111:120, Бостон – Вашингтон 107:116, Бруклин – Мајами 93:106, Њу Орлеанс – Атланта 99:102, Торонто – Индијана 118:100, Оклахома – ЛА Лејкерс 123:115, Феникс – Сакраменто Кингс 107:110, Портланд – Мемфис 116:96, ЛА Клиперс – Кливленд 79:92.

ПретходноСтоле е херојот на фановите на Барса – статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу“
СледноАнчелоти по киксот на Реал удри со УЕФА и ФИФА