Реал Мадрид и Осасуна одиграа без голови на „Сантијаго бернабеу“ во рамките на 11. коло во Ла Лига. По мечот тренерот на кралскиот тим, Анчелоти вината ја најде кај ФИФА и УЕФА, смета дека играат премногу натпревари.
„Мислам дека во календарот има премногу мечеви и тоа мора да се поправи. ФИФА и УЕФА мора да превземат нешто по тоа прашање, играчите се премногу уморни. Ако така продолжиме, нема да има натпревари,
Денеска играат многу мечеви и голем дел се пренесуваат. Мене како навивач тоа ми се доапаѓа, но како некој кој е поврзан со тоа, мислам дека не е најдобра опција за врвните фудбалери. Квалитетот на играта во голем од натпреварите падна“.
Реал Мадрид по ремито има 21 бод, првото место во Ла Лига го дели со Севиља, Бетис и Реал Сосиедад.