Во вториот настап за Леванте по враќањето по повредата, Енис Барди успева да го запише својот прв сезонски гол во Ла Лига. Во последниот меч од 11. коло, Леванте на домашен терен има 1:1 против Атлетико (М), откако гостите поведоа со голот на Гризман во 12. минута, а нашиот репрезентативец со гол од белата точка успеа да израмни во 37. минута.