Давид Тошевски, актуелниот фудбалер на Горњик Забрже, вчера одново беше стрелец во Купот на Полска. Токму со неговиот гол, неговиот тим се пласира во следната фаза во ова натпреварување во Полска.
За официјалниот сајт на Горњик Забрже, Тошевски истакна:
“Многу сум среќен за овој гол, ова е мојот втор гол во дресот на Горњик, и вториот во Купот на Полска. Тешко е да се игра против екипи кои се послабо рангирани и поради фактот дека тие имаат екстра мотив да играат и да дојдат до изненадување“ истакна покрај другото македонскиот младински репрезентативец, кој уште го чека својот прв гол во првенството на Полска, додека во Купот сезонава, како што веќе напоменавме, успеа да постигне два гола.