Италија „грми“ против Алегри: Тој не приметува дека фудбалот се промени

488

Највлијателните италијански медиуми, Газета Дело Спорт, Кориере Дело Спорт, Тутоспорт, денеска сите како во хор го напаѓаат тренерот на Јуентус, Масимилијано Алегри, за она што се случуваше вчера односно поразот на „Старата дама“ на домашен терен од Сасуоло со 1:2. Јуве прими гол во последните секунди од мечот, и згуби трет пат во десет мечеви во домашниот шампионат, што секако не да е несекојдневно туку е една од најчудните ситуации во историјата на овој клуб.

Сите медиуми му даваат исклучително слаба оценка на Алегри за начинот на кој што го водеше овој меч, за тактичките потези, замените. Јавноста смета дека Алегри не приметил дека фудбалот едноставно се променил од последниот негов мандат во Јуве, и дека тогаш неговите методи добро функционирале но не и сега. Да, Јувентус не заслужи да загуби вчера, тоа е сигурно, но Алегри едноставно не знае повеќе како да победува, се вели во текстот на Ла Газета Дело Спорт.

 

 

ПретходноТренерот на Барселона Б, преодно решение на Ноу Камп
СледноРашфорд за поразот од Ливерпул: Се срамам, работиме напорно за да го надоместиме