Работнички убедливо во Тетово, втор триумф на битолчанки

112

Одбојкарките на Работнички ја продолжија серијата победи во домашното првенство. На денешниот последен меч од 3. коло, Работнички со убедливи 3:0 се враќа од гостувањето во Тетово против екипата на Универзитет во Тетово и со тоа заедно со Наковски Волеј остануваат две екипи кои имаат максимален ефект по првите три кола.

Во вториот денешен меч од тековното коло, одбојкарките на Пелистер ја прославија втората сезонска победа, откако во Скопје во еден крајно неизвесен меч во сите три сета, на крајот успеаја да дојдат и до убедливи 3:0 во дуелот со Фит Фан Волеј.

Прва лига (жени), 3.коло

Јанта волеј КВ – Наковски волеј                     0:3 (20:25, 17:25, 23:25)

Вардар жени – Струмица жени                        0:3 (23:25, 9:25, 14:25)

Универзитет во Тетово – Работнички Скопје    0:3 (16:25, 12:25, 18:25)

Фит фан волеј – Пелистер волеј                       0:3 (22:25, 23:25, 27:29)

ПретходноШате: Се радувам на успесите на македонската репрезентација
СледноЉама утре во 2. коло на СП против младинскиот светски првак од Узбекистан