Се прели чашата – Барселона го разреши Куман!

940

Поразот од Рајо Ваљекано синоќа на „Ваљекас“ скапо го чинеше тренерот на Барселона Роналд Куман. Челниците на Барселона веднаш по мечот свикаа итен состанок на кој е одлучено Холанѓанецот да си замине од клупата на каталонскиот клуб.

Првите луѓе процениле дека Куман не може да ја подобри ситуацијата во Барса. Тоне во Ла Лига, со големи шанси да испадне и од ЛШ, чуден и без идеен стил на игра, пораз во „Ел Класико“ во неделата… кога се ќе се собере одлуката Куман да добие отказ е логична.

Дека работите нешто не штимаат беше познато уште поодамна, но челниците му дадоа неколку шанси на Куман да најде начин да ги сврти работите на подобро, но тоа не го стори и мора да замине.

Кој ќе седне на негово место останува да видиме. Чави повторно се споменува за тренер, тука е и тренерот на младинската школа Серхи Бархуан.

ПретходноOсасуна со цврста одбрана му откина бод на Реал на „Бернабе“
СледноИконата на Барселона наголем кандидат за местото на Куман, во игра влезе и еден селектор!