Вест на денот секако дека е отказот кој го доби Роналд Куман од местото шеф на струката на Барса. За тоа кумуваше и македонскиот голман Столе Димитриевски, кој синоќа на Депај му одбрани пенал и со тоа го “спакува“ отказот на Куман. Отказ кој Лапорта го испорачал уште во авионот на враќање кон Барселона. Нов тренер, односно В.Д тренер ќе биде Серхи Бархуан, а за кусо време нов шеф ќе биде Чави Ернандез.
Миралем Пјаниќ, фудбалерот од БиХ кој си замина од Барса и поради Куман, денеска имаше интересна објава на Инстаграм каде напиша…
“Треба да знаете кога да ги пуштите ГО*НАТА да си одат“, се разбира дека мислеше на својот некогашен тренер во времето кога беше во Барса кога беше во немлост на Холанѓанецот.