ФК Ренова: Стојчевски не е делегиран, тоа значи дека сме биле во право!

265

По дербито на 11.коло, во кое Шкупи ја победи Ренова со 2:1, голем гнев имаше во таборот на “гипсарите“. Тие излегоа со официјално соопштение во кое стоеше дека дека тие не загубиле од Шкупи, туку од судијата Игор Стојчевски.

Па така денеска, откако се познати судиите за 12.коло, а во нив го нема името на Стојчевски, од таборот на Ренова излегоа со ново соопштение кое беше постирано на нивните официјални социјални мрежи.

За сите поплаки кои ги имавме на судењето по последниот меч, се виде дека сме биле во право. Според нашите информации, судијата Стојчевски и неговите помошници се казнети и затоа не се делегирани за ова коло. Ние не бараме милост и помош, туку само фудбалска правда“ се вели покрај другото на новото соопштение на ФК Ренова.

ПретходноТолисо е блиску до трансфер во Тотенхем
СледноРуватубаје: За Шкупи секој меч е како финале, одиме на победа и против Брегалница!