Даниел Кжетински, еден од најбогатите Чешки тајкуни, е многу блиску да купи 27 отсто од акциите на Вест Хем, еден од најпознатите клубови во Премиер – лигата. Инаку Кжетински е газда на Спарта Прага, но сака дел од своето богатство да го “потроши“ во инвестирање во најсилната лига во светот. Интересно е тоа што пред три години чешкиот милијардер се поврзуваше со купување на Милан и Рома, но тие зделки не успеаја во тоа. Медиумите во Чешка и Англија велат дека тие 27 отсто ќе бидат само почеток за Кжетински, имено тој сакал во блиска иднина целосна контрола во клубот, и дека бил подготвен да ги купи сите акции на Вест Хем.