Шате: Се радувам на успесите на македонската репрезентација

327

Некогаш фудбалер на Вардар, денеска селектор на една од најсилните светски фудбалски селекции во женска конкуренција, репрезентацијата на САД. Влатко Андоновски, попознат во фудбалските кругови само како Шате, за „Ал Џезеира Балканс“ зборуваше за својата животна приказна. Како од фудбалер во Македонија, дојде до клупата на селекцијата на САД.

Покрај неговата приказна за тоа како дојде и остана 21 година во САД, Шате зборуваше и за македонскиот фдубал.

„Секако дека следам што се случува во Македонија и во регионот, репрезентацијата добро котира, како Македонија, така и другите селекции. Драго ми е што Македонија играше на Еуро 2020 и се надевам дека ќе продолжи да игра на големи натпреварувања. Но, не само за Македонија, драго ми е што и другите земји од регионот имаау успеси и се радувам и на нивните успеси“, вели Андоновски.

Интервјуто за „Ал Џезеира Балканс“ во продолжение:

ПретходноКуманово го претрпе и вториот пораз во БИБЛ лигата
СледноРаботнички убедливо во Тетово, втор триумф на битолчанки