Екипата на Алкалоид продолжува во победнички ритам во Првата лига. Дебитантот дојде до седмиот триумф во низа, откако на домашен терен го совлада Куманово со 38-26 во рамките на осмото коло во групата Б. Со оваа победа останаа на лидерското место кое го делат Голден Арт, кој исто така има седум триумфи.
Избраниците Љубомир Савевски ја имаа контролата во текот целиот натпревар, на одморот предноста беше четири гола (18-14). Ништо не се промени во продолжение, постојано го зголемуваа водството, гостите на другата страна немаа решение за нивната игра.
Серафимов имаше седум гола, еден гол помалку имаше Јорданов. Кај гостите Даневски имаше осум гола.
Убедлив триумф запиша Голден Арт, беше подобар од Текстилец со 36-15. Илиев запиша осум гола.