Сенијад Ибричиќ ја доживува својата втора фудбалска младост во тимот на Домжале. Некогашниот играч на Вардар „грми“ во дресот на словенечкиот тим, најдобар играч е во тамошниот шампионат, а тоа го потврди и со последниот постигнат гол. И тоа каков.
Од слободен удар, и тоа од страна, од многу тешка ситуација. Ибричиќ погоди во спротивниот агол, а противничкиот голман на Марибор со својата парада само го разубави погодокот. Патем, Ибиричиќ со овој гол му обезбеди на Домжале полуфинале во купот.
— NK Domžale (@NKDomzale) October 28, 2021