Руни: Однесувањето на најплатените играчи на Манчестер Јунајтед е неприфатливо

355

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Вејн Руни ги обвини „црвените ѓаволи“ за моменталната состојба на тимот. Според него, високоплатените ѕвезди, не даваат максимум на терен и тоа едноставно е неприфатливо.

„Фудбалерите на Јунајтед мора да си постават некои прашања, да се погледнат себеси. Премногу е лесно за менаџерот да ги прифати сите критики кога оние играчи кои добиваат многу пари за да ја завршат својата работа, не се снаоѓаат доволно добро. Имаат високи барања, а гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат, не се враќаат во одбраната и не даваат се од себе за клубот. Ова е неприфатливо. Овие играчи имаат голема одговорност.

Тие се светска класа и клуб како Манчестер Јунајтед бара повеќе. Каква одлука и да донесе менаџментот, тие ќе треба да ја сметаат за исправна“ – „згрми“ Руни против играчите на Јунајтед па продолжи.

„На врвот на клубот има многу образовани луѓе. Сигурен сум дека ќе размислат за се за да одлучат како да одат напред. Јунајтед минува низ тежок период. Секој може да види дека Оле е под притисок. Но, знам дека Оле е борец. Тој ќе продолжи да ги прави вистинските работи, ќе верува и ќе се труди да извлече повеќе од овие играчи“, изјави Руни.

 

 

ПретходноПереира: Барди е натпросечен фудбалер
СледноЕриксен си оди од Интер за да продолжи да игра фудбал!