Седлоски: Сите честитки одат на адреса на нашите фудбалери и нашите навивачи!

655

Шкупи во дербито на 12.коло, успеа дури со 5:0 да ја “торпедира“ Брегалница. Да одигра маестрално, да ја одигра веројатно најдобрата партија сезонава и заслужено да се радува на нови три бода и продолжување на победничката серија.

За тоа како го виде овој натпревар, свое видување за „Спортмедиа“ има Гоце Седлоски, шефот на струката на Шкупи, на лидерот на табелата.

Морам прво да кажам дека играчите на Шкупи на овој натпревар влегоа и по малку нервозни со оглед на изјавите кои што ги читавме во минатите денови низ медиумите. Можеби тоа и дополнително ги мотивираше нашите играчи, кои секако дека заслужуваат честитки, а за заслужуваат честитки и нашите навивачи кои во текот на целиот меч ги бодреа играчите“ вели Седлоски за тоа дека неговите момци имале и дополнителен мотив за овој натпревар.

Инаку и тој е задоволен од победата и смета дека Брегалница е добар тим.

Освен тие 10 минути во вториот дел мислам дека во текот на целиот меч доминиравме, бевме подобри, постигнавме и пет голови. Јас не знам што ќе беше ако Брегалница од пеналот намалеше на 3:1, но знам дека и кога имавме високо водство ние настојувавме да постигне уште некој гол. Е тоа е вистинскиот Шкупи. Сепак ние како клуб и како тим не “летаме“ и покрај оваа победа, има уште многу да се игра, одиме од меч во меч. На крајот да кажам дека победивме една добра Брегалница“ заклучи Седлоски.

ПретходноБајиќ нема среќа, одново без најдобриот!
СледноТимур Дибиров во идеалниот тим во Лигата на шампиони (ВИДЕО)