Барди во тимот на колото во Ла Лига!

102

Така е тоа. Кога играш добро и кога на шампионот ќе му дадеш два гола, нормално е да си во тимот на колото во една од најсилните лиги во светот. Енис Барди по синоќешниот супер настап за Леванте и двата постигнати гола против Атлетико Мадрид, денеска се најде во тимот на 11.коло во Ла Лига. И тоа во одбрано друштво.

Само прашање до тој што го правел овој тим на колото, зошто го нема Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано, на голманската позиција, кој блескаше против Барса. Што убаво ќе беше двајца македонски репрезентативци во тимот на колото во Ла Лига.

 

ПретходноДиктатор: Роналдо им забранува на своите деца да јадат чоколадо и чипс!
СледноФутсал селекцијата до 19 години на квалификациски турнир во Гибралтар!