Гвардиола за Барселона: Не е до тренерот, туку до играчите!

550

Барселона минува низ тешки денови. Сите ја коментираат ситуацијата во која се најде каталонскиот гигант, а меѓу нив е Пеп Гвардиола. Според него проблемот не е во Роналд Куман, сега екс-тренер на Барса, туку до играчите.

„Не е до Куман, до тренерот, туку до играчите. Чави доколку дојде ќе биде поискусен од времето кога јас ја презедов Барселона, но повторно не зависи од него“, изјави Гвардиола и продолжи.

„Ако немате добри играчи, тренерот не може да направи ништо. Во времето кога бев тренер на Барселона, имав одлична генерација играчи, во фантастични години и неверојатна форма. Едноставно во тој момент сè се совпадна“.

Следниот чекор кој е важен за Барселона?

„Мора да знаете какви играчи сакате или то сакате“, заклучи Гвардиола.

ПретходноХристов: Респект за шампионот, сепак Тиквеш ќе се обиде да изненади под Шара!
СледноЉама поразен од некогашниот светски младински првак