Голчиште на екс играчот на Вардар (ВИДЕО)

522

Сенијад Ибричиќ ја доживува својата втора фудбалска младост во тимот на Домжале. Некогашниот играч на Вардар „грми“ во дресот на словенечкиот тим, најдобар играч е во тамошниот шампионат, а тоа го потврди и со последниот постигнат гол. И тоа каков.

Од слободен удар, и тоа од страна, од многу тешка ситуација. Ибричиќ погоди во спротивниот агол, а противничкиот голман на Марибор со својата парада само го разубави погодокот. Патем, Ибиричиќ со овој гол му обезбеди на Домжале полуфинале во купот.

 

ПретходноШкупи и Брегалница на стартот на новото ПМФЛ коло
СледноПопович: Замислете да постоеше сеуште Југославија со овие играчи (ВИДЕО)