Гризман во топ 5 најдобри стрелци во историјата на Атлетико Мадрид

104

Антоан Гризман со голот постигнат на вчерашниот меч против Леванте на гостински терен во ремито од 2:2 влезе меѓу петте најдобри стрелци во историјата на овој клуб. Францускиот напаѓач, кој летово се врати во Атлетико по двегодишен престој во Барселона , го постигна својот 134. гол за за „јорганџиите“ во сите натпреварувања. Гризман го постигна првиот гол на натпреварот во 12. минута.

Само Луис Арагонес (172), Адријан Ескудеро (169), Пако Кампос (154) и Хозе Еулогио Гарате (136) имаат повеќе голови за Гризман во моментов. Со оглед на возраста на Гризман, кој во моментов има 30. години многу веројатно еден ден ќе стане и најдобар стрелец во историјата на овој клуб.

 

ПретходноПопович: Замислете да постоеше сеуште Југославија со овие играчи (ВИДЕО)
СледноГол од слободен, ама во ракомет (ВИДЕО)