Димитријевиќ во “аут“ шест недели, “виси“ настапот за репрезентацијата!

104

Она што се стравуваше се чини дека се обистини. Имено како што утринава од Валенсија стигна информација, повредата на Ненад Димитриjевиќ е сериозна и тој ќе биде најмалку шест седмици во аут. Во официјалното соопштение на клубот каде што игра македонскиот кошаркар, се вели дека Димитријевиќ скинат е мускулот на тетивата на десната нога.

Ова секако дека е многу лоша вест и за нашата репрезентација, посебно ако се знае дека при крајот на следниот месец стартуваат квалификациите за Мундијалот, а се среќаваме со Шпанија и Украина во првите два меча.

ПретходноРаководството на Ц. Звезда гневно: Играчите одбиваат да се вакцинираат!
СледноДиктатор: Роналдо им забранува на своите деца да јадат чоколадо и чипс!