Лапорта му врачил отказ на Куман во авион, холанѓанецот ќе ја бара целата сума за отштета

595

Како изминуваат деновите, така во јавноста излегуваат се повеќе детали околу начинот на кој се разделија Барселона и сега веќе екс нејзиниот тренер Роналд Куман.

Холанѓанецот го загуби работното место по дербито Ел КЛасико на кое Барса загуби со 1:2., а сега новинарот Луис Канут инаку одличен пријател со Куман изнезе детали во една емисија синоќа околу тоа како и точно се случил отказот.

„Многу нефер и многу некоректно спрема таков човек. На Куман од страна на Лапорта му беше кажано за отказот во авион. Само се свртел и му рекол нема да ја продолжиме соработката. Тоа Куман секако дека го гледа како непочитување, затоа што реално и никогаш не се почувствува како тренер под раководството на Лапорта. Сега, Барселона ќе се обиде да ја намали отштетата која му следува на Куман, а е 12 милиони евра, но не верувам дека по сето ова Куман ќе се согласи. Тој пак беше првиот кој беше заговорник да се скратат платите во Барселона“ – изјави Канут.

 

ПретходноБарди: Оваа екипа може далеку повеќе
СледноФламенго купува мал португалски прволигаш и го прави учесник во ЛШ