Маестро – Дибиров: На делба на првото место на листата на стрелците во ЛШ!

171

Тимур Дибиров и се е кажано. Левото крило на Вардар имаше блескав настап на мечот со Кил, меч кој сепак за жал вардарци го загубија. Но ќе се памети онаа атракција на Тимур против Ландин

Тоа беше и помина, но ќе се паметат неговите голови на тој меч зошто сега е на делба на првото место на листата на стрелците во Лигата на Шампионите. Крилото на Вардар сега има 40 голови сезона и го дели тоа прво место со Дика Мем од Барселона. Микел Хансен има 39 погодици, а Петар Ненадиќ од Веспрем 38.

На рускиот интернационалец кој долго време е во Вардар, му се потребни уште три гола за да дојде до магичната бројка од 1000 голови во Лигата на Шампионите.

ПретходноФутсал селекцијата до 19 години на квалификациски турнир во Гибралтар!
СледноШкупи ја “наполни“ Брегалница за едно полувреме!