Мегваер: Забележав дека многу се зборува за мене кога ќе загубиме

559

Капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер ја коментира тешката ситуација во која се наоѓаат „Црвените ѓаволи“. Јунајтед загуби од Ливерпул со 0:5 на „Олд Трафорд“ што е огромно разочарување затоа што се работи дуел со најлутиот ривал во Англија. А и претходно Јунајтед не игра стабилно, па поради тоа пополека се отпишува од борбата за врвот.

По речиси секој пораз на Јунајтед прстот се вперува кон одбраната предводена од најскапиот дефанзивец Хари Мегваер. Англичанецот го забележа тоа и одговори:

Тука сум две и пол години и забележав дека многу се зборува за мене кога ќе загубиме меч. Но повеќето од работите не се вистина. Точно е дека расположението не е најдобро и дека сме разочарани. Меѓутоа ние сме играчи кои се натпреваруваат на највисоко ниво. Знаеме што се бара во клубот. Знаеме дека се пишува се и сешто но се трудиме да не читаме. Кога ќе изгубиш против најлутиот ривал не е добро да читаш што се пишува. Знам дека кога ќе се доживее пораз се појавуваат информации дека се случува нешто во соблекувалната, но многу работи не се точни. Имаме силна екипа, не сме скарани, во победите и поразите сме заедно и тоа заедно ќе го пребродиме“, изјави Мегваер.

ПретходноАлкалоид лесно до „седум од седум“
СледноЅвезда на Наполи: Јас во Јувентус? Дали сте нормални?