Место фудбал, пендреци „заиграа“ на стадионот во Мастрихт (видео)

448

Фудбалскиот меч меѓу МВВ Мастрихт и Рода во втората холандска лига е прекинат поради навивачки немири. Судијата Џои Кој одлучи да го прекине мечот непосредно пред првото полувреме. По пола час пауза, натпреварот официјално е прекинат.

Запалени факели летаа од страна на навивачите на Рода кон домашните навивачи и обратно. Навивачите почнаа меѓусебно да се напаѓаат, а дури и влегоа на терен. Па притрчаа полицајците кои со пендреци ги смируваа навивачите како на теренот така и на трибините.

„Значи потполно полудевме“, изјави тренерот на Рода, Јирген Стрепел за „ЕСПН“.

ПретходноРеал „смрзна“ во Казан, Ефес го „размонтира“ Каунас
СледноВо Аргентина почна да се емитува серијал за Диего Марадона! (ВИДЕО)