Прилеп и Бутел Скопје убедливи дома

72

Прилеп и Бутел Скопје запишаа убедливи победи во деветото коло во Супер-лигата.

Избраниците на Горан Кузманоски на домашен терен го совладаа Радовиш со 35-28 за четврта победа сезонава. Прилепчани отворија со 3-0, па со 10-6, на одморот заминаа со позитива од 20-17. До крајот без проблем го приведоа дуелот.

Павлов со десет гола беше прв стрелец, Шокоски запиша шест. Тасевски на другата страна имаше со седум погодоци.

Бутел Скопје пак немаше проблем со Скопје, на домашен терен беше подобар со 28-14. Спасовски со седум гола го предводеше свој тим до победата, Мајиќ имаше два гола помалку.

Домашниот тим поведе со 10-3, на полувремето беше 14-6. На стартот на вториот дел бутелчани направија серија од три гола за двоцфирени 17-6.

ПретходноДаниел Стојановски – новиот тренер на Воска: Максимално и против Тетекс!
СледноАлкалоид лесно до „седум од седум“