Пролет дојде до седмиот триумф оваа сезона. Избраниците на Андон Бошковски на домашен терен го совладаа Охрид со 25-24 во рамките на 9. коло во Супер-лигата. За гостите ова беше четвртти пораз сезонава, па дефинитивно ќе треба да менуваат нешто доколку сакаат да им се вратат на победите.
Дуелот беше навистина драматичен, Пролет во првиот дел имаше водство од 5-3, но охриѓани на полувремето изедначија на 11-11. Вистинска битка се водеше по одморот, во самиот финиш Пецаковски му донесе сигурни бодови на својот тим, погоди за 25-23. на другата страна охриѓани набрзина вратија, но немаше време за нешто повеже.
Токму Пецаковски со осум гола беше најдобар кај својот тим, на другата страна Додиќ имаше исто толку погодоци.