ПСЖ со пресврт во вториот дел го совлада шампионот Лил (видео)

158

Тимот на Пари Сен Жермен со 2:1 го совлада бранителот на шампионската титула во Франција Лил на домашен терен во 12. коло на Лига 1. „Кучињата“ кои се далеку под нивото на кое беа минатата сезона, во оваа не играат задоволувачки но ете успеаа да соберат мотив и да му се спротистават на претендентот на шампионската титула.

Лил поведе со голот на Давид во 31. минута. Пари Сен Жермен за кого играа Меси, Нејмар и Ди Марија во нападот го најде патот до мрежата во 74. минута. Ди Марија нафрли, а Маркињос се најде на вистинското место и го погоди голот на противникот. Во финишот на мечот по одлична акција на домашните фудбалери, Ди Марија со шут по земја го совлада противничкиот голман и донесе победа за ПСЖ.

Тој резултат остана до крајот. ПСЖ и понатаму е лидер со 31 бод, а ова е нивно второ реми сезонава. Лил е на 11-тото место со скор 4-4-5.

2

ПретходноПо две победи Херта повторно е приземјена (видео)
СледноРома оди по тројца нови играчи во јануари