Традиционално: Братското дерби во Аеродром за поискусните

124

Со братското дерби во Аеродром почна петото коло во Првата машка лига. Улогата на домаќин ја имаше МЗТ Скопје 2, кој беше убедливо совладан од поискусниот состав на Дарко Радуловиќ со 76-99.

Актуелниот македонски првак ова беше четврта победа оваа сезона, на другата страна „штркчињата“ го запишаа четврттиот пораз.

Само во воведните минути од натпреварот имаше изедначена битка, МЗТ Скопје го наметна своето темпо, по првата четвртина беше 20-27, додека на одморот позитивата беше двоцифрена 35-46.

Искусните кошаркари на првиот тим не им дозволија на незгодните „штркчиња“ да направат пресврт, ја имаа контролата на дуелот.

Милошевиќ со дабл-дабл од 26 поени и 10 скока беше прв стрелец, зад него беше Рикиќ, исто со дабл-дабл, но од 17 поени и 10 скока. На другата страна Митевски имаше 19 поени.

30.ОКТОМВРИ (САБОТА):

17.30: КОЖУВ – ФЕНИКС 2010

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/uSxreHAoySw

18.00: РАБОТНИЧКИ – ТФТ (МРТ)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/l5t5Ar3wmRg

18.30: АНГЕЛИ – ГОСТИВАР

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/CuJNisSOw4s

31.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

19.30: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/dp14T8KGc8Q

1.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

19.00: КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/CPD-pHN0kJ8

ПретходноПролет ја продлабочи кризата кај охриѓани
СледноДаниел Стојановски – новиот тренер на Воска: Максимално и против Тетекс!