Бразилскиот великан Фламенго е еден од најуспешните клубови во Јужна Америка. Резултатски, финансиски, организациски, овој клуб во моментов е топ, па нормално е да се мисли на иднината, и да се планираат нови проекти кои ќе донесат уште поголем успех.
Првиот човек на овој клуб, Родридо Тостес е решен дел од приходот од овогодинешната работа на клубот, кој ќе биде околу 150 милиони евра, да биде вложен во купување на малиот португалски прволигаш Тондела. Се работи за клуб кој е основан пред деведесетина години и кој во моментов е дел од најсилното прволигашко фудбалски друштво но никогаш немал поголем успех. Иако е пракса европските великани да помагаат финансиски на клубови од останатите контитенти овојпат случајот е обратен. Тондела ќе добие веројатно ќе добие нов тренинг центар, вложувања на далеку повисоко ниво, а крајната цел ќе биде обесбедување на пласман во елитното европско фудбалско натпреварување Лигата на Шампионите.