Чурлинов седнат на клупа, Шалке загуби во Хајденхајм

189

Екипата на Шалке го доживеа четвртиот пораз во Цвајте откако вечерва загуби на гостувањето кај Хајденхајм со 1:0. По елиминацијата од Купот од Минхен 1860, овојпат „сините“ се поразени од екипа која до денеска имаше три порази по ред.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го преседе цел меч на клупата. На Куп натпреварот со Минхен Чурлинов направи грешка по која противникот даде гол, а токму тој погодок се покажа клучен во победата на Минхен. Чурлинов беше заменет во 20-тата минута поради лош настап и потоа доби остри критики од навивачите на социјалните мрежи.

Тренерот Грамозис го остави нашиот крилен напаѓач на клупата на овој меч.

ПретходноЅвезда на Наполи: Јас во Јувентус? Дали сте нормални?
СледноРеал „смрзна“ во Казан, Ефес го „размонтира“ Каунас