Шкупи и Брегалница на стартот на новото ПМФЛ коло

221

Денеска со почеток од 12:00 часот, на стадионот Чаир, домаќинот Шкупи ќе ја пречека Брегалница од Штип во првиот дуел од новото 12. по ред коло во првата македонска фудбалска лига.

Лидерот на табелата, екипата на Шкупи има позитивна серија од девет мечеви вклучувајќи го тука у купот, и само едно реми против Шкендија на уште во септември. Бодовното салдо во моментов на Чаирчани е на котата 26. што значи дека се освоени сите планирани бодови до сега. Оние домашните за Шкупи секако дека се приоритет,  но Брегалница е екипа која во моментов може, има капацитет да изненади некого па бил тоа и лидерот на табелата.

Штипјани исто така се во позитивна серија, имаат четири победи по ред ако се брои и онаа во купот. Последниот дуел на овие два тима беше во Штип на 8 август кога одиграа без голови 0:0.

 

ПретходноСинот на Курањи бира за кого ќе игра, од пет репрезентации!?
СледноГолчиште на екс играчот на Вардар (ВИДЕО)