Нема што, Шкупи е во шампионски ритам. Имено по првите 45. минути на мечот од 12.коло во ПМФЛ против Брегалница, чаирчани водат со 3:0. Блескаво прво полувреме за момците на стратегот Гоце Седлоски. Серијата прв ја отвори Цветаноски во 8.минута, потоа Руватубаје со шут со глава во 28.минута зголеми на 2:0. За да во 40.минута по асистенцијата на Цветаноски, на Адетунџи не му беше тешко да го погоди празниот гол на Денковски.
Имаше Шкупи уште неколку шанси, но треба да се каже дека и гостите од Штип во три наврати опасно се заканија по голот на Наумовски, но голманот на чаирчани со фантастични одбрани ја сочува својата мрежа нечепната.