Ѕвезда на Наполи: Јас во Јувентус? Дали сте нормални?

272

Одбранбениот фудбалер на Наполи Калиду Кулибали изјави дека би го напуштил Неапол само доколку добие убави понуди од три клуба – Манчестер Сити, Барселона или Реал Мадрид. Сенегалецот појасни дека во никој случај не би преминал во Јувентус.

Доколку би го напуштил Наполи тоа би го направил поради три клуба во светот, а тоа се Сити на Гвардиола, Реал Мадрид или Барселона“, призна дефанзивецот за „АС“.

На прашањето дали би отишол во Јувентус доколку добие убава понуда од таму.

Јас во Јувентус? Дали сте луди? Никогаш не би играл за друг италијански клуб освен Наполи. Никогаш не би заминал во Јувентус и да ги предадам фановите на Наполи“, додаде Африканецот.

ПретходноМегваер: Забележав дека многу се зборува за мене кога ќе загубиме
СледноЧурлинов седнат на клупа, Шалке загуби во Хајденхајм