Е.Пелистер дојде до осмата победа во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Металург славеше со 25-38 во меч од деветото коло.
Битолчани без проблем го освоија теренот во Автокоманда, поведоа со 3-6, на полувремето имаа двоцифрени 11-21. По одморот не се промени ништо на теренот, избраниците на Жељко Бабиќ ја продолжија доминацијата на крајот заслужено се радуваа на новите бодови.
Маркоски, Маџовски и Павлетиќ беа лидери кај гостите, постигнаа по пет гола, кај Металург, кој го запиша шестиот пораз оваа сезона, Хорват имаше седум гола.