НБА лигата го зима својот почетен залет на стартот на новата сезона и веќе полека но сигурно се издвијуваат оние екипи кои ќе играат важна улога, од оние кои годинава ќе ја играат онаа епизодната.
Тимот на Вашингтон успеа да слави со 122:111 на домашен терен над Атланта, а во овој триумф најјефикасен Колинс со 22 поени и тоа од кај поразениот тим. Кај Вашингтон пак Бредли Бил сопоен помалку на врвот на листата на стрелците.
Во дербито на истокот, тимот на Њујорк Никс успеа да го совлада Чикаго на негов терен и да му го нанесе првиот пораз во петтиот натпревар со минимални 103:104.
Зек Лавин со 25. поени не успеа да му донесе успех на Чикаго, иако беше најјефикасен кај својот состав, додека пак Вокер на спротивната страна со 21 кош најдобар кај Никси.
ГОлден Стејт исто така го доживеа првиот пораз сезонава, откако по продолжението загуби од Мемфис со 101:104 на домашен терен. Стеф Кари со 30 коша вредни само за сопствена статистика, додека кај победникот Морант со 30 коша најјефикасен во триумфот.
Bradley Beal dejó en el piso a Bogdanovic y definió con mucha clase.pic.twitter.com/map0RXPamO
— Sexto Hombre (@6toHombreLATAM) October 28, 2021
резултати:
Филаделфија – Детроит 110 – 102
Вашингтон – Атланта 122 – 111
Чикаго – ЊУјорк 103 – 104
Хјустон – Јута 91 – 122
Далас – Сан Антонио 104 – 99
Голден Стејт – Мемфис 101 – 104