Антоан Гризман со голот постигнат на вчерашниот меч против Леванте на гостински терен во ремито од 2:2 влезе меѓу петте најдобри стрелци во историјата на овој клуб. Францускиот напаѓач, кој летово се врати во Атлетико по двегодишен престој во Барселона , го постигна својот 134. гол за за „јорганџиите“ во сите натпреварувања. Гризман го постигна првиот гол на натпреварот во 12. минута.