Диктатор: Роналдо им забранува на своите деца да јадат чоколадо и чипс!

184

Познато е што прави Кристијано Роналдо, пред се тука мислиме на исхраната, за да остане во топ – форма и на овие години што ги има. Тоа му успева, но сепак неговото однесување, како меѓу соиграчите така и во неговиот дом, не секогаш наидува на одобрување. Се чини дека понекогаш претерува, се однесува диктаторски, посебно кон своите деца.

Имено тие се жалат дека Кристијано им забранувал да јадат чоколадо и чипс, а ако виде дека се пие кока – кола е тогаш настануваат проблемите.

Иако живеат во невиден луксуз, децата на Роналдо и неговата свршеница Џорџина, која сега е бремена со блинзаци, и тоа како не можат да уживаат во него.

Некој ќе рече бадијала 500 милиони евра што ги имаш, ако не можеш да јадеш она што го сакаш, барем едно обично чоколадо.

Од друга страна токму затоа Роналдо е Роналдо и на 36 години.

Затоа тој инсистира да се јаде само здрава храна, и кај своите играчи и кај своите деца.

ПретходноДимитријевиќ во “аут“ шест недели, “виси“ настапот за репрезентацијата!
СледноБарди во тимот на колото во Ла Лига!