Интер донесе одлука во врска со Кристијан Ериксен, репрезентативецот на Данска кој на ЕП колабираше и едвај му беше спасен животот. По операцијата која ја имаше, Ериксен се врати во неговиот клуб, во Интер, но поради прописите во Италија, а и поради фактот дека клубот не сака да ризикува со оглед на тоа него му е вграден дефибрилатор, тој не може дфа игра за “неро-аѕурите“.
Токму затоа гигантот од Милано одлучи да го продаде Ериксен, а тој ќе може својата кариера да ја продолжи некаде на друго место.