По две победи Херта повторно е приземјена (видео)

80

Вечерва на „Презеро“ Арена во Зинсхајм се одигра првиот меч од 10 коло во Бундес лигата.

Екипата на Херта повторно е поразена што е нивен шести пораз во елитната германска лига сезонава. Берлинците доживеаа пораз на гостувањето кај Хофенхајм со 2:0 и со тоа ја прекинаа мини-серијата од две победи.

По триумфите над Ајнтрахт и над Менхенгладбах во претходните две кола, вечерва момците на Пол Дардаи паднаа кај Хофенхајм.

Головите за Хоф ги постигнаа Андреј Крамариќ, негов осми сезонава, и Себастијан Руди и двата во првото полувреме. За Хоф ова е четврта победа.

 

ПретходноВо Аргентина почна да се емитува серијал за Диего Марадона! (ВИДЕО)
СледноПСЖ со пресврт во вториот дел го совлада шампионот Лил (видео)