Реал „смрзна“ во Казан, Ефес го „размонтира“ Каунас

73

Екипата на Реал Мадрид доживеа пораз во Казан во меч од 7. коло на Евролигата. Кошаркарите на УНИКС стигнаа до победата со одлична игра во завршницата. На 72 секунди до крајот УНИКС губеше со поен разлика (57:58), но потоа направи серија од 8:0 и го доби мечот со 65:58.

Таварес од Реал беше најефикасен на мечот со 15 поени, а Хезоња и Воронцевич кај УНИКС дадоа по 13 поени.

Шампионот Анадолу Ефес го победи Жалгирис со 94:60. Со тоа Ефес ја запиша втората победа сезонава, а Жалгирис е закован на дното со сите седум порази.

Зенит ја победи Басконија на свој терен со 83:54. Лион го совлада Панатинаикос во гости со 84:70.

 

ПретходноЧурлинов седнат на клупа, Шалке загуби во Хајденхајм
СледноМесто фудбал, пендреци „заиграа“ на стадионот во Мастрихт (видео)