Сите се сеќаваме на германскиот интернационалец и репрезентативец Кевин Курањи. Своевремено еден од најдобрите офанзивци во Европа имаше и тоа како солидна кариера, настапивајќи за повеќе европски великани како Штутгарт, Шалке, Динамо Москва…
Тој одамна е во пензија но сега на сцена стапива неговиот син Карло Курањи кој важи за одличен и перспективен млад играч. Роден е 2005 година и настапува за младинскиот состав на Штутгарт.
Се би било тоа во ред, доколку тој веќе не е во фаза кога треба да одбере за која младинска репрезентација треба да игра, а ќе го има сличниот проблем како и татко му. КОја да ја одбере. Потеклото на Курањи, а со тоа и на неговиот син е доста специфично па младиот играч има опција да бира помеѓу четири репрезентации.
Имено, таткото на Кевин е германец со унгарско потекло роден во Бразил од мајка до Панама. Жената пак ка Кевин Курањи, и мајката на младиот Карло е од Хрватска и се ика Викторија Пелчиќ. Младиот фудбалер теоретски може да заигра за репрезентациите на сите овие земји.
Кевин Курањи сепак, иако го имаше истиот овој проблем, реши да игра за Германија и настапи на повеќе од педесет мечеви за „Панцирите“.