Тимур Дибиров во идеалниот тим во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

100

Вардар 1961 не успеа да го добие дуелот со Кил во рамките на 6. коло во Лигата на шампиони, на домашен терен беше совладан со 26-29.

Во составот на актуелниот македонски првак најефикасен беше Тимур Дибиров, зад своето име запиша десет гола, заедно со Мартин Томовски беа единствените двајца ракометари на ниво на задачата.

Како утеха за оваа одлично издание, а поразот од Кил, доаѓа признанието од ЕХФТВ. Дибиров е прогласен за најдобро лево крило за шестото коло.

Најдобриот тим можете да го видите на овој ЛИНК. 

ПретходноСедлоски: Сите честитки одат на адреса на нашите фудбалери и нашите навивачи!
СледноЧави го сака Стерлинг во Барселона!