Големо признание за македонската репрезентативка, Ивана Кметовска. Благодарение на нејзината одлична игра против Партизан, дуел кој му припадна на Бадел, ВАБА-лига ја прогласи за МВП на петото коло.
Кметовска во победата од 73-70 на македонскиот вицепрвак запиша дабл-дабл од 31 поен и 14 скока, дојде до индекс – 39.
Кметовска е првата кошаркарка на Бадел 1862 во историјата на регионалното натпреварување со МВП награда. Македонскиот тим дојде до втората победа оваа сезона во WABA-лига.