Фудбалска РАПСОДИЈА на лидерот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

633

Супер Шкупи, супер настап и супер триумф од 5:0 против Брегалница, против силната Брегалница. Но денеска штипските “сини“ едноставно не можеа ништо против разиграните момци на стратегот Гоце Седлоски.

Имаа неколку шанси, барем три зицери, имаа и пенал, но на крајот можат да бидат задоволни што загубија само со 0:5. Ако Цветаноски и другарите беа барем малку попрецизни, којзнае, резултатот на крајот ќе гласеше и 8:0 на пример.

А Брегалница до утре да играше и да создаваше шанси, не ќе можеше да го совлада денеска фантастичниот Кристијан Наумовски, кој го имаше најдобриот настап откако е на Чаир.

Бадијала нервозата на Марјан Секуловски, сепак Шкупи има далеку, далеку подобар тим.

ПретходноУште еден историски момент: Ивана Кметовска е прогласена за МВП во WABA-лига
СледноБајиќ нема среќа, одново без најдобриот!