Христов: Респект за шампионот, сепак Тиквеш ќе се обиде да изненади под Шара!

714

Тиквеш и натаму е на дното на табелата, и покрај желбите и добрата игра, сепак кавадарчани не успеваат да избегаат од опасната зона на табелата во ПМФЛ. Потребни се победи, потребни се бодови, а веќе утре во рамките на 12.коло, четата на стратегот Влатко Костов ја чека тешко гостување и тоа кај шампионот Шкендија.

За тоа што може Тиквеш утре под Шара, свој коментар за „Спортмедиа“ има напаѓачот на кавадаречкиот тим Симеон Христов.

Тешко гостување. Зарем треба да се каже која е Шкендија, заедно со Шкупи тоа се двете најдобри екипи во Лигата. Ние како да немаме среќа на последните мечеви, примаме голови во последните секунди. Сепак не се предаваме, сиот респект за Шкендија, но Тиквеш ќе се обиде да изненади во Тетово. Ако одиграме како што треба тогаш би можеле да останеме непоразени во најмала рака“ истакна Христов.

ПретходноЧави го сака Стерлинг во Барселона!
СледноГвардиола за Барселона: Не е до тренерот, туку до играчите!