Иако се уште неседнат на тренерската клупа на Барселона, тоа би требало да се случи следниот месец, Чави ја искажал својата прва желба околу зимскиот преоден рок. Имено тој посакал на “Камп Ноу“ да го види Рахим Стерлинг, еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија. Се разбира дека Стерлинг и тоа како добро би му дошол на Чави во тимот на Барса, е сега колку е ова остварливо останува да се види. Интересно е дека денеска медиумите во Англија пишуваат дека се подготвува трампа во јануари меѓу Барса и Сити, Стрелинг би заминал во Шпанија а Френки де Јонг пак во Англија.
Инаку втората трансферна желба на Чави била Жил Кунде од Севилја, дефанзиевецот за кого и Челзи беше силни заинтересиран.