Македонскиот боксер, Јасир Љама не успеа да дојде до нова победа на Светското првенство во Белград, тој во втората рунда беше поразен од Узбекистанецот Абдулмалик Халоков.
Халоков кој е младински светски шампион во бантам од 2018 година беше подобар од македонскиот боксер со 5-0 по едногласна одлука на судиите. Љама се натпреварува во категоријата до 60 килограми.
Претходно нашиот боксер со победа го започна ова првенство и тоа со триумф од 5-0 против Фабио Росели од Сејшели.